Старова Ќерими за проектот „Пејзажно искуство“: Македонското творештво може да се носи рамо до рамо со светската уметност
- Во изложбениот простор на Чифте амам од вечерва е поставен мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, кој беше претставен на 59-то издание на меѓународната ликовна изложба на Венециско биенале во 2022 година.

Скопје, 30 март 2023 (МИА) - Во изложбениот простор на Чифте амам од вечерва е поставен мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, кој беше претставен на 59-то издание на меѓународната ликовна изложба на Венециско биенале во 2022 година.

Според министерката, „Пејзажно искуство“, како и делата на досегашните наши претставници на светските изложби, ќе останат документ за вредностите на актуелната современа македонска сцена кои мора да продолжиме да ги негуваме и да ги споделуваме со целиот свет затоа што „уметноста не е само она што го гледате туку е и она што сте го постигнале за другите да го видат“.

Таа изрази голема благодарност до уметниците, до комесарот Дита Старова Ќерими директорка на Националната галерија на Северна Македонија како и до кураторките (Ана Франговска и Сања Којиќ Младенов) за успешното претставување на Биеналето во Венеција.


Куратори на проектот беа Ана Франговска и Сања Којиќ – Младенов, а истиот ќе биде поставен во Чифте амам до 30 април.бт/лв/