Во Чашка поставена нова урбана опрема
- Како што информира градоначалникот Горан Стојановски, целта на поставување бетонски елементи е нивната поголема трајност и отпорност од оштетување и уништување.
![Во Чашка поставена нова урбана опрема](https://mia.mk/index.php/images/20240411151122_big_730x400_78.webp )
Велес, 11 април 2024 (МИА) - Општина Чашка постави нови клупи и канти за отпадоци на повеќе локации во населба Чашка изработени од масивни бетонски елементи.
Како што информира градоначалникот Горан Стојановски, целта на поставување бетонски елементи е нивната поголема трајност и отпорност од оштетување и уништување.
Воедно, тој најави дека во наредниот период со овој тренд ќе продолжат и на други локации низ повеќе населени места во Општина Чашка.
-Покрај тоа, верувам дека единствено со заеднички заложби можеме целосно да го заштитиме нашиот заеднички имот. Апелирам до сите граѓани, да го чувствуваат и чуваат јавниот имот како свој, бидејќи тој е наменет за сите нас, порача Стојановски. ад/дма/
Фото: Општина Чашка