• понеделник, 23 декември 2024

Во Црна Гора пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња

Во Црна Гора пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња

Подгорица, 18 декември 2023 (МИА) - Од почетокот на ноември во Црна Гора се пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња.

„Помеѓу пријавените случаи (129), најголем дел од заболените има во возрасната група од 11-15 години (71), во групата од 26-64 години (20), во групата од 6-10 години (15 ), 1-5 години (9), до една година (6), 16-20 години (6) и по еден случај во возрасните групи 21-25 и над 65 години“, се вели во соопштението на Институтот за Јавното здравство (ИЈЗ).

Најголем број случаи се регистрирани во Подгорица (94), Даниловград (16), Будва (3), Цетиње (3), Тиват (3), Зета (3), Котор (2) и по еден случај во Андријевица, Бијело. Поље, Херцег Нови, Никшиќ и Пљевља.

„Од 129 регистрирани случаи, во 120 од нив, поминале пет или повеќе години од последната доза на вакцината со компонента против пертусис до почетокот на болеста (кога не може да се очекува имунитет поради карактеристиките на ацелуларната вакцина) или лицата не биле имунизирани или нема информации за имунизација (најчесто кај лица постари од 25 години)“, наведуваат од ИЈЗ. ссм/

фото: архива

Остани поврзан