• сабота, 23 ноември 2024

Во центарот на Штип се гради втората катна гаража

Во центарот на Штип се гради втората катна гаража

Штип, 18 февруари 2024 (МИА) - Се гради и втората катна гража кај Стоковната куќа „НАМА“ во Штип. Градоначалникот на Општина штип, Иван Јорданов истакна дека градежните активности ќе траат наредните два месеца. Посочи дека со оваа катна гаража градот ќе добие нови 27 паркинг позиции, а со тоа ќе се растерети улица „Ванчо Прќе“, која општината има намера да на трансформира во пешачка зона.

Јорданов додаде дека во меѓувреме, засилено се работи и на изградба на првата катна гаража, која е кај Центарот за култура „Ацо Шопов“, а која ќе биде на две нивоа со 55 паркинг места. Ова две катни гаражи ќе треба да го растеретат сообраќајот во овој дел од градот и да придонесат во решавањето на проблемот со недостаток на паркинг места.

До крајот на годината, вели Јорданов, ќе почне да се гради и третата катна гаража, која ќе биде на три нивоа.За катната гаража кај Стоковната куќа „НАМА“ Општина Штип ќе издвои четири милиони денари. вдј/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан