• среда, 27 ноември 2024

Во Центарот за култура во Неготино настан во рамки на кампањата „Сложувалка“

Во Центарот за култура во Неготино  настан  во рамки на кампањата „Сложувалка“

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Во Центарот за култура во Неготино денеска ќе се одржи настан во рамки на кампањата „Сложувалка“ под името „Жените во рурална средина - развој, зајакнување и сопирање родово-базирано насилство“.

Настанот е организиран од Министерството за труд и социјална политика и канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршка на Британската амбасада.
 
Како што информираат од МТСП, воведно обраќање ќе има амбасадорка на САД во земјава Анџела П. Агелер, министрите за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јованка Тренчевска и Љупчо Николовски, претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска и земјоделка од беровското село Будинарци, Вангелина Пармачка. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан