• недела, 28 јули 2024

Во хуманитарен настан во Велес собрани 40 илјади денари за реновирање на куќата на семејството Димови

Во хуманитарен настан во Велес собрани 40 илјади денари за реновирање на куќата на семејството Димови

Велес, 18 декември 2023 (МИА) - Во Велес бројни фирми и поединци хуманитарци се вклучија во денешниот хуманитарен настан традиционално пред празникот Св. Никола, при што беа собрани 40 илјади денари, помош за реновирање на домот на семејството Димови.

Пред  платото на Основниот суд во Велес волонтерите на Црвен крст поделија 1520 посни ручеци, информира за МИА, Трајче Мешков од гостилница „Боем“, главен иницијатор и организатор на оваа веќе традиционална хуманитарна акција. Тој веќе неколку години ја организира оваа акција, која годинава наместо само на социјално загрозени семејства, храна им беше поделена и на останатите граѓани кои денеска ја поддржаа хуманитарната акција.

 - Им се заблагодараувам на сите граѓани кои денеска ја искажаа својата хуманост на дело, како и на волонтерите на Општинскиот Црвен крст кои ја делеа храната. Воедно ги повикувам и останатите фурми и граѓани да организираат вакви и слични хуманитарни акции за оние наши сограѓани на кои помошта им е најнеопходна. Да им помогнеме, потенцира Мешков.

Тој упати посебна благодарност како организатор до Александар Ѓорѓиевски и неговото здружение „Подај рака – спаси живот“, кое заедно со група мајстори од Велес веќе го реновираат домот на семејството Димови од Велес.

На платото пред судот во акцијата беше поставен и штанд на детската градинка „Димче Мирчев“, на кој по симболична цена  е продаваат рачни изработки од дечињата. Свој штанд  имаше и  гастрономскиот смер на ССОУ „Коле Неделковски“, на кој можеа  да се купат посни десерти за празникот, додека на штандот на пензионерите од Здружение на пензионери Велес, граѓаните  можеа сукано и тегнето. 

Воедно, Дедо Мраз денеска подели и 70 новогодишни пакетчиња на деца од градот. Во акцијата се вклучија и возрасните кои донираа новогодишни пакетчиња за децата..

Во рамки на акцијата Јавната детска установа „Димче Мирчев“ денеска  донира и 200 нови кебиња, кои беа поделени на лице место на 50 деца од градот.  Останатите сто ќебиња идната недела  ќе бидат однесени во Детското одделение во велешката Општа болница и 50 кебиња ќе бидат испратени во Домот за деца во Битола, најави Мешков. ад/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан