Во Херцег Нови 92 проценти помалку туристи
- Во Херцег Нови престојуваат околу 3.300 туристи, што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период лани.
![Во Херцег Нови 92 проценти помалку туристи](https://mia.mk/index.php/images/20221104165319_big_730x400_88.webp )
Подгорица, 8 август 2020 (МИА) - Во Херцег Нови престојуваат околу 3.300 туристи, што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период лани.
Според податоците на Туристичката организација на Херцег Нови, од вкупниот број туристи има 2.570 странци и 733 домашни гости, пренесува РТЦГ.
Во домаќинствата има 2.330 гости и 974 во хотели.
Нема регистрирани туристи во авто камповите и во хостелите. паг/