• вторник, 24 декември 2024

Во функција и кол-центарот 0800 002 03

Во функција и кол-центарот 0800 002 03
Скопје, 21 март 2020 (МИА) - Од вечерва е во функција и кол-центарот 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје. Телефонскиот број е бесплатен, ќе работи 24/7 и на него граѓаните може да се јават за да постават прашања поврзани со коронавирусот, напиша министерот за задрвство Венко Филипче на својот фејсбук профил. Како што наведува Филипче, од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање брисеви во поликлиниките во Јане Сандански и Чаир, каде веќе е распределен стручен кадар. -Денеска заврши и координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување, преку системот „Мој термин“, по јавување на нивните пациенти кои ги избрале за матичен лекар. Од понеделник, освен на телефонските линии за информации во Центрите за јавно здравје, во кол центарот пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари доколку се постави индикација според електронскиот алгоритам којшто матичните лекари дотогаш ќе го имаат - да се закаже земање на материјал во еден од двата пункта, пишува Филипче на фејсбук. мд/мч/

Остани поврзан