• сабота, 21 декември 2024

Во Франција, од 1 март во домовите за стари лица дозволени и миленици

Во Франција, од 1 март во домовите за стари лица дозволени и миленици

Париз, 2 март 2024 (МИА) – Од 1 март, на домашните миленици како кучиња, мачки, риби и мали птици им е дозволено да престојуваат во домовите за стари лица во Франција, но под одредени услови, бидејќи за нив ќе се грижат нивните сопственици, не персоналот на домовите.

Француската влада вчера даде зелено светло за прием на домашни миленици во домовите за стари лица.

Ова особено овозможува „луѓето во домовите да не бидат изолирани и да имаат континуитет во однос на она што го имале во досегашниот живот“, соопшти Националната асоцијација на институции и домови за стари лица.

- Тоа е навистина мерка која е исклучително важна, соопшти организацијата и додава дека милениците имаат благотворно дејство во борбата против стресот и изолацијата.

Сепак, домашните миленици ќе им бидат дозволени само на постари лица кои се самостојни и можат сами да се грижат за своите миленици.

Нема да бидат дозволени „невообичаени“ миленичиња како змии или животни кои можат да бидат агресивни.

Домовите за стари лица ќе мора да ги приспособат и уредат своите простори, како и да воведат внатрешни прописи. јт/

Фото: Пиксабеј илустрација

Остани поврзан