• понеделник, 23 декември 2024

Во Финска првпат забележан ураган, илјадници домаќинства останаа без струја

Во Финска првпат забележан ураган, илјадници домаќинства останаа без струја

Хелсинки, 2  ноември 2024 (МИА) - На западот на Финска, првпат во историјата, ветерот достигна ураганска сила, поради што од саботата 17 илјади куќи останаа без струја.

Во Раума на југозападот на земјата просечната брзина на ветерот во петокот навечер достигна 33,5 метри во секунда, во Пори - до 30,3 метри во секунда, пренесуваат финските медиуми.

Ветерот со просечна брзина од најмалку 33 метри во секунда се смета за ураган во Финска. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан