• недела, 22 декември 2024

Во Узбекистан уапсени 21 исламист

Во Узбекистан уапсени 21 исламист
Ташкент, 19 февруари 2020 (МИА) - Узбекистанската полиција уапси 21 лице осомничено дека е поврзано со исламистичка милитантна група, што е активна во Сирија, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека приведените биле под „идеолошко влијание“ на друг Узбекистанец, кој бил член на групата „Катиба ал-Тахид Вол-џихад“. Тие планирале да ја финансираат групата и да и се приклучат, се наведува во соопштението на полицијата. Илјадници луѓе од претежно муслиманскиот поранешен советски регион им се придружија на различни исламистички групи во Сирија и во Ирак кога Исламска држава привремено освои дел од нивната територија. ми/

Остани поврзан