Во Турција црн рекорд на починати од Ковид-19
- Бројот на смртни случаи од коронавирус во Турција во изминатите 24 часа достигна црн рекорд – 196 починати, соопшти денеска турското Министерство за здравство.

Анкара, 5 декември 2020 (МИА) – Бројот на смртни случаи од коронавирус во Турција во изминатите 24 часа достигна црн рекорд – 196 починати, соопшти денеска турското Министерство за здравство.
Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата сега изнесува 14.705.
Во претходните 24 часа се регистрирани 31.896 лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на од почетокот нас пандемијата достигна 797.893. јт/