• сабота, 23 ноември 2024

Во Турција првпат над 100 илјади новозаразени за 24 часа

Во Турција првпат над 100 илјади новозаразени за 24 часа
Анкара, 1 февруари 2022 (МИА) -   Дневниот број на нови случаи на коронавирус во Турција денеска надмина 100.000 за првпат од почетокот на пандемијата. Според податоците на Министерството за здравство, во таа земја во изминатите 24 часа се потврдени 102.601 случај. На крајот на декември дневната бројка на новозаболени беше околу 20.000, но од тогаш почна да расте. Од последното намалување во Турција, како последица на инфекцијата починале 198 лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е повеќе од 87.000. зш/

Остани поврзан