• вторник, 19 ноември 2024

Во Токио откриен првиот позитивен тест на коронавирус кај спортист кој треба да престојува во Олимписко село

Во Токио откриен првиот позитивен тест на коронавирус кај спортист кој треба да престојува во Олимписко село
Токио, 15 јули 2021 (МИА) – Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио објави дека странски спортист кој дошол во Јапонија да се натпреварува на Олимписките игри бил позитивен на коронавирусот. Сега спортистот ќе мора да помине низ карантин од 14 дена. Спортот и земјата не се наведени. Забележано е дека ова лице сè уште не го посетило олимпиското село, но ова е прв случај на позитивен тест за КОВИД-19 меѓу спортистите кои треба да бидат сместени таму. Олимписките игри во Токио 2020, одложени за една година поради пандемијата на коронавирусите, ќе се одржат од 23 јули до 8 август оваа година. зс/

Остани поврзан