• среда, 27 ноември 2024

Во Тибет тепачка за „подобро место“ за слика со поглед на Монт Еверест

Во Тибет тепачка за „подобро место“ за слика со поглед на Монт Еверест

Ласа, 4 јyли 2024 (МИА) - Во Тибет се снимени две двојки како се караат и се тепаат за „подобро место“ за слика со поглед на Монт Еверест. Видеоснимката е хит на интернет-просторот.

Тепачката се случила минатата седмица, откако туристичкиот водич побарал од групата да позира заедно до споменикот на Еверест. Во тој миг избувнале судири меѓу двајца мажи и две жени од Кина за тоа - кој каде ќе застане, па вербалната расправија прераснала во тепачка, пренесува „Њујорк пост“.

На видеото се гледа како мажите се тепаат на земјата, една од жените се обидува да си го извлече мажот, а другата се вклучува во тепачката и го удира другиот маж. На местото на настанот пристигнала граничната полиција која ја прекинала тепачката. Не се знае дали некој од учесниците е повреден. Сите засегнати се приведени во полиција.  си/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан