• вторник, 26 ноември 2024

Во Тетово ќе се промовира прв дигитален „Архив на Хрвати во Македонија“

Во Тетово ќе се промовира прв дигитален „Архив на Хрвати во Македонија“
Тетово, 7 јули 2022 (МИА) - Македонско-хрватското друштво (МХД) ќе промовира прв дигитален „Архив на Хрвати во Македонија“. Станува збор за дигитализација на различни видови трудови, дела, фотографии на 80-тина Хрвати во државава. -„Архивата на Хрвати во Македонија“ претставува дигитализација и систематизација на најзначајните трудови, автори, личности и настани кои го потврдуваат постоењето и успесите на Хрватите во Македонија, но и свесно ја потенцираат историската соработка и врски помеѓу двата народи. Оваа дигитална платформа има за цел лесно, достапно и визуелно да ги претстави историските факти, контакти и настани. Обработени се над 80 имиња на Хрвати универзитетски професори, архитекти, правници, писатели, ликовни уметници, актери чии дела и трудови се евидентирани преку фотографии што ќе бидат објавени и дигитализирани се од 1993 година, формирање на МХД, формирање на МХД во Тетово во 2002, скици од 1950-тата на Тетекс, оригиналната верзија на „Бели Мугри“, изјави Марко Видачек, од тимот за односи со јавноста. За промотивните активности изработени се четири различни постери со илустрации од архивскиот материјал на онлајн платформата: населбата Два Бреста, слика на Томислав Кризнам, 1919/20; скици на „Тетекс“ од 1950-тата година од арх. Ѓуро Анцел; како и две разгледници од Тетово и Попова Шапка кои патувале на релација Македонија - Хрватска.  Промоцијата ќе се одржи утре во во 19 часот. aс/рп/  

Остани поврзан