• вторник, 24 декември 2024

Во Тетово се одржа 12. Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет

Во Тетово се одржа 12. Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет
Тетово, 11 ноември 2022 (МИА)  - Во Тетово се организираше традиционалниот Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет што го организира Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар за членовите на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“.

-Победи Блаже Христоски од Прилеп. Второто  место му припадна на минтагодишниот победник Никола Пеев од Гевгелија. Сотир Чаушевски од  - Битола се пласира трето место. Учествуваа педесетина  натптреварувачи од 14 градови, изјави Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар.

На натпреварот учесниците ги поздрави тетовскиот градоначалник.

-Даваме целосна поддршка во остварување на правата на оваа категорија граѓани, за нивна рамноправна вклученост и учество во општествениот живот. Без дискриминација, со слободен пристап и еднакви можности. Да ја подигнеме јавната свест, затоа што сите сме еднакви, порача Биљал Касами.

Турнирот и средбата, што се организираа по 12-ти пат, беа можност лицата од здружението и Националниот сојуз да се сретнат со претставници на општините и државните инститиуции со цел да се продискутира за потребите на лицата со инвалидитетност. ас/сст/

Остани поврзан