• вторник, 24 декември 2024

Во Тетово прекинато водоснабдување од новиот систем од Лешница, воведени рестрикции

Во Тетово прекинато водоснабдување од новиот систем од Лешница, воведени рестрикции

Тетово, 23 ноември 2024 (МИА) – Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово информира дека дотокот на вода од новиот водоснабдителен систем е прекинат и ќе следуваат рестрикции во водоснабдувањето. Причина е заматеноста на водата што се презема од Лешничка река.

- Поради неможноста да се пречисти водата во филтрите на филтрационата станица – Лисец, поради високата заматеност како резултат на последните врнежи, принудени сме да го прекинеме снабдувањето со вода за пиење од линијата Лешница. Екипата на претпријатието од раните утрински часови е на терен и прави сè за да се надмине оваа ситуација, информираат од ЈКП „Шар“.

Рестрикциите на вода се започнати од 13:40 часот и ќе бидат на неопределено време. Во Тетово, водоснабдувањето се врши само со планинските извори и градски бунари чиј капацитет не е доволен за оптимално водоснабдување. ас/бак/

Фото: ЈКП Шар 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан