• петок, 05 декември 2025

Во тек се преговори за судбината на борците на Хамас заробени во тунелите под Газа

Во тек се преговори за судбината на борците на Хамас заробени во тунелите под Газа

Газа, 27 ноември 2025 (МИА) - Во тек се преговори за судбината на палестинските борци на Хамас заробени неколку недели во тунелите под Појасот Газа контролиран од Израел.

Засега ниту една страна не споменува за колкава бројка блокирани борци станува збор.

„Разговорите и контактите со медијаторите (Египет, Турција и Катар) и Американците продолжуваат со цел решавање на кризата“, изјави неименуван функционер на Хамас, пренесен од француските медиуми.

„Прашањето беше дискутирано во Египет оваа недела“, потврди друг палестински извор.

Извор од една од земјите посредници потврди дека САД, Катар, Египет и Турција работат на постигнување компромис што ќе им овозможи на борците на Хамас да ги напуштат тунелите во близина на Рафа, зад Жолтата линија што ја означува границата на повлекување на израелските трупи, на југот од палестинската територија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан