Во тек се обуки на членовите на избирачките одбори во Струга
- Илјада и десет членови на избирачките одбори од 101 избирачко место во Струга се дел од обуките на Државната изборна комисија (ДИК) во пресрет на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври годинава.
Струга, 6 октомври 2025 (МИА) - Илјада и десет членови на избирачките одбори од 101 избирачко место во Струга се дел од обуките на Државната изборна комисија (ДИК) во пресрет на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, годинава.
Беса Зиба Ризвани, сертифициран обучувач на ДИК по денешната обука информира дека досега се одржани 20 обуки за избирачките одбори, кои годинава се во нов состав.
- Обуките ќе траат до идната недела, односно до целосна подготовка на сите членови од избирачките одбори, кои се составени од по 10 члена. Претседател и негов заменик, четворица членови и исто толку нивни заменици, изјави Зиба Ризвани.
Обуката, според неа, е задолжителна, со цел коректен и демократски изборен процес. сс/вг/
Фото МИА