• сабота, 06 декември 2025

Во тек се градежни активности на нова улица во селото Пирава

Во тек се градежни активности на нова улица во селото Пирава
Гевгелија, 25 јануари 2022 (МИА) - Согласно програмата за изградба, реконструкција и одржување на патната мрежа во општина Валандово, во тек се градежните активности за изградба на нова улица во населеното место Пирава, која беше означена како приоритетна потреба на локалното население. Од надлежната општинска служба велат дека новата улица ќе овозможи поврзување на центарот на населбата со месните гробишта и дека ќе ги подобри условите за живеење на стотина жители од тој дел на Пирава. -Земјините работи се веќе завршени, а во оваа фаза на изградба при крај е уште регулацијата на суводолицата. Следува довршувањето на каскадниот систем по што ќе се премине на тампонирање и асфалтирање на улицата, велат од општината и додаваат дека ќе продолжат да инвестираат во капитални проекти кои ќе им ги решаваат долгогодишните проблеми на жителите на општина Валандово. им/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан