• вторник, 23 јули 2024

Во тек е реконструкција во штипското медицинско училиште „Јане Сандански“

Во тек е реконструкција во штипското медицинско училиште „Јане Сандански“

Штип, 28 Јануари 2021 (МИА) - Во регионалното средно медицинско училиште „Јане Сандански“-Штип во тек е реконструкцијата на санитарните јазли. Општината за оваа инвестиција издвои околу 2,5 милиони денари. Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов при денешниот увид истакна дека претходно во ова училиште реализирана е и реконструкцијата на спортската сала, која чинеше околу два милиони денари.

-Не застануваме овде, се прави и промена на подовите со ламинат, се направија инвестиции и во училишни материјали, проектори. Инвестираме за да нашите ученици ги добијат сите услови, кои се потребни за да тече образовниот процес, вели Николов.

Најави дека и во буџетот за 2021 година планирани се нови реконструкции во кабинетите и училиниците, набавка на нова информатичка опрема и уредување на училишниот довор во средното регионално медицинско училиште во Штип. Планираните средства се од околу осум милиони денари. Директорката на СОУ „Јане Сандански“, Маја Гичева вели дека за наставниот кадар и учениците инвестициите кои се реализираат во изминатите три години се од големо значење, бидејќи се подигнува нивото на воспитно-образовниот процес и се подобрени условите за одржување на наставата.

Посочи дека наставата се одвива без проблеми, а во ова училиште учениците наставата ја следат комбинирано, он лајн и практичната настава се реализира во кабинетите на училиштето. вдј/сст/

Остани поврзан