• среда, 27 ноември 2024

Во тек е пријавување за театарската работилница во Велес со Диана Добрева

Во тек е пријавување за театарската работилница во Велес со Диана Добрева

Велес, 22 април 2024 (МИА) - Диана Добрева, најзначајната театарска режисерка во Европа ќе одржи работилница во Велешкиот театар на 29  и 30 април. Работилницата наменета за актери е од отворен карактер и е кастинг за претставата „Без крв“, втор наслов од меѓународниот проект „Манифест“, по минатогодишниот „Едвард Втори“ потпишан од Андриј Жолдак.

Како што информираат од Тетарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, работилницата е дел од двогодишниот меѓународен проект „Манифест“ кој Велешкиот театар го реализира во соработка со Драмскиот театар „Н. О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија,

По неодамнешниот голем успех на претставата „Одисеј“ на најзначајниот европски театарски фестивал, Унгарскиот „МИТЕМ“, и пред нејзината престојна изведба во Атинскиот „Пираус“(претставата беше лауреат на ИФАД Стоби во 2022 година),како и непосредно по неодамнешната премиера на исклучителните сценски дела „Едип и пророците“ во Пловдив и „Моби Дик“ во НТ „Иван Вазов“, Софија, следна продукција која Добрева ја отпочнува е токму „Без крв“, текст на Александар Секулов по мотиви на истоимениот роман од Алесдандро Барико, во копродукција меѓу театрите од Велес и Пловдив.

Детали и пријавување на upravadzinot@gmail.com

Проектот е дел од Годишната програма за работа на Министерството за култура, а партнери на проектот покрај двата  театри се: Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, Македонскиот културно-информативен центар во Софија, како и неколку меѓународни фестивали. ад/мд/

 

Остани поврзан