Во тек е постапка за доопремување на градскиот пазар во Берово
- Во Берово во тек постапка за доопремување на новоизградениот градски пазар. Како што информираа од Општината во тек е набавка на нови тезги кои до крајот на годината треба да бидат поставени

Берово, 20 септември 2021 (МИА) - Во Берово во тек постапка за доопремување на новоизградениот градски пазар. Како што информираа од Општината во тек е набавка на нови тезги кои до крајот на годината треба да бидат поставени на градскиoт пазар.

Оттаму додадоа дека во насока на подобрување на условите на градскиот пазар изградена е и пристапна патека со цел подобар пристап на граѓаните до градскиот пазар.
Проектот за изградба на градскиот пазар во Берово ја чинеше општината во вкупна вредност од 202.742 евра, средства од кои дел беа обезбедени преку програмите на Европската Унија, а дел од Буџетот на Општина Берово. вс/ки/