• недела, 28 јули 2024

Во тек е избор на глумци за играната верзија на „Херкул“ (видео)

Во тек е избор на глумци за играната верзија на „Херкул“ (видео)
Лос Анџелес, 13 мај 2020 (МИА) - По „Аладин“, „Кралот лав“ и неколку други филмувани верзии на историски класици на Дизни, сега се подготвува и реалистична, односно играна преработка на цртаниот филм „Херкул“ од 1997 година. https://www.facebook.com/LaMasKawaiiDeLaLife/videos/245364059914745/?t=0 По видеото на кое ја пее „I Won’t Say I’m In Love“, Аријана Гранде стана најголем фаворит за улогата на Мегара меѓу обожавателите на Дизни. Мегара му е девојка на Херкул во приказната. Пејачката Лорен Кејана Кеке Палмер пак, е главен фаворит за една од музите. Таа пред своите следачи на Фејсбук ја изведе „Zero to Hero“, исто така, песна напишана за цртаниот филм. https://www.facebook.com/kekepalmer/videos/246108816476191/ Новиот филм е во претпродукција, па многу од улогите, како на пр. ликот Херкул, сѐ уште не се доделени. си/ссм/

Остани поврзан