• четврток, 26 декември 2024

Во тек дополнителниот трет јавен конкурс за реонски попишувачи и инструктори во Велес

Во тек дополнителниот трет јавен конкурс за реонски попишувачи и инструктори во Велес
Велес, 20 март 2021 (МИА) - Oпштина Велес ги повикува сите заинтересирани граѓани да бидат дел од пописот на населението што ќе се реализира од 1 до 21 април годинава, да се јават на огласот за попишувачи. Огласот е објавен на официјалната веб страница на Општина Велес и на огласните табли во седиштето на пописната комисија и ќе трае до 22 март.
Од Општина Велес информираат дека на првиот оглас не се јавиле доволен број граѓани и не се пополнил бројот на кандидати за попишувачи.
За регионот во кој спаѓаат општините Велес, Градско и Чашка, потребни се уште 51 попишувач.ад/фф/

Остани поврзан