• среда, 27 ноември 2024

Во тек градежни активности за изградба на филтер станицата во каменичкото село Цера

Во тек градежни активности за изградба на филтер станицата во каменичкото село Цера

Делчево, 8 јули 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица во тек се градежни активности на вработените во Јавното претпријатие „Камена Река" за решавање на проблемите со водоснабдувањето во населените места. 

Активностите, како што се вели во информацијата од претпријатието, се насочени кон подобрување на условите за живеење, вршени според потребите и барањата на граѓаните од урбаните и руралните средини.

-Во насока на овие активности поставено е бетонско плато за изградба на филтер станицата во село Цера, за трајно решавање на проблемите за снабдување со чиста и здрава вода за пиење на жителите од Стара Каменица и село Дулица, информираа од претпријатието.

Паралелно со овие активности, како што посочуваат, се врши и инсталирање на самите  елементите од филтер станицата. 

-Поставувањето и пуштањето во употреба на овој дел од водоводниот систем од витално значење за граѓаните треба да биде реализирано до крајот на месец јули оваа година. Воедно во рамки на работите неодамна поставени се и нови водомерни единици за корисници на водоводната мрежа во градската средина и приградските наделби од Македонска Каменица, додадоа од ЈП ,,Камена Река".

Оттаму најавија дека ќе продолжат посветено да работат кон реализација на барањата на сите граѓани. вс/дма/


Фото: МИА
 

Остани поврзан