• вторник, 24 декември 2024

Во Суми руските сили заробија заменик-градоначалник  

Во Суми руските сили заробија заменик-градоначалник  
Киев, 2 април 2022 (МИА) - Руските војници го  киднапираа заменик-градоначалник на Нова Слобода, Алексеј Шибаев. Шибаев е киднапиран вчера додека придружувал достава на помош. Тој бил запрен од од руските војници на контролниот пункт на околу 80 километри северозападно од Суми. Нова Слобода е лоциран во регионот Суми, северна Украина. Суми се уште е под контрола на Украина, но е под опсада и е гранатиран од руската артилерија. Голем број други локални украински владини претставници беа заробени од руските окупаторски сили, а во некои случаи киднаперите биле заменети за колаборационистите. ми/

Остани поврзан