Во Судан договорено ново 72-часовно примирје со посредство на САД и Саудиска Арабија
- Суданските вооружени сили (САФ) претходно соопштија дека САД и Саудиска Арабија посредувале во договорот за прекин на огнот, а примирјето ќе се користи за евакуација на странски државјани од Судан.
Картум, 28 април 2023 (МИА) – Двете страни во конфликтот во Судан, регуларната армија Судански вооружени сили (САФ) и паравоените Сили за брза поддршка (РФС), се согласија да го продолжат примирјето за уште 72 часа, со посредство на САД и Саудиска Арабија, јавија британските медиуми.
Новото примирје стапи на сила вечерва на полноќ по локално време.
Суданските вооружени сили (САФ) претходно соопштија дека САД и Саудиска Арабија посредувале во договорот за прекин на огнот, а примирјето ќе се користи за евакуација на странски државјани од Судан.
Вооружената борба за превласт меѓу суданската армија и РСФ избувна на 15 април и досега во жесатоките борби загинаа неколку стотици лица. сд/