• вторник, 24 декември 2024

Во Струмичко почна отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници

Во Струмичко почна отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници

Струмица, 1 август 2023 (МИА) - Во Струмичко почна откупот на црвената пиперка-куртовска капија произведена во пластеници и стакленици. Откупната цена се движи од 20 до 60 денари за килограм во зависност од квалитетот, а трговците велат дека годинава производството е намалено за 20 отсто во споредба со лани.

Додаваат дека засега количините се мали, а покрај црвените пиперки камионите се дополнуваат со праска, лубеница, зелена пиперка, корнишони и други градинарски култури.

-Во најголем дел црвената пипиерка е засадена под пластеници, а површините на отворено се многу мали. Производството на отворено треба да стаса на почетокот на идниот месец, кога почнува сезоната на подготвување на ајварот. Количини ќе има, но заради намаленото производство очекувам цената да остане на сегашното ниво, вели Благој Витанов, откупувач од Струмичко.

Според него, на намалувањето на производството најмногу влијаеле лошите временски услови, односно дождовите во јуни и екстремно топлото време во јули, но и намалените површини кои се засадуваат со црвена пиперка.

Црвените пиперки, покрај на пазарите во ЕУ, се извезуваат во Бугарија, БиХ, Хрватска и Србија.

Инаку, според трговците и другите градинарски култури имат високи откупни цени. Така, лубениците се откупуваат по 12 денари за килограм, доматите од 40 до 50 денари, ктраставиците 30-40 денари, а грозјето, кое е на почеток на бербата, се откупува за 60 денари за килограм. рт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан