• понеделник, 23 декември 2024

Во Струмица промовирана книгата „Араптази“ од Иван Котев

Во Струмица промовирана книгата „Араптази“ од Иван Котев
Струмица, 11 декември 2020 (МИА) - Во Центарот за култура во Струмица вечерва беше промовирана книгата со македонски волшебни приказни „Араптизи“ од фолклористот и писател Иван Котев. Ова е негово трианесетто дело во кое се собрани и објавени волшебни приказни од Струмица и струмичко. Книгата ја промовираше д-р Ана Витанова Рингачева, која истакна дека јазикот и книжевноста имаат своја меморија и дека го памтат сето она што е заборавено во секојдневниот живот. -Со оваа книга на нашиот Иван Котев, македонската фолклористика добива референца која на виделина ги вади блескавите бесценетости кои ги крие струмичката почва. Заради зачуваниот автохтон убав струмички дијалект оваа книга е навистина грамадна. Затоа, „Араптази“ ја ставам во редот на најголемите потфати на македонската современа наука, рече Витанова Рингачева. Авторот Иван Котев (80) истакна дека оваа книга е плод на педесетгодишно макотрпно собирање, дешифрирање и средување и печатење на собраниот материјал. -Тоа се оригинални приказни запишани лично од мене и нема позајмување од други извори. Книга со приказни во која се содржат оригинални мотиви од кои некои дури ги нема и во светската литература. Јас сум многу среќен што вечерва ја промовирав мојата книга „Араптази“ која содржи 96 приказни  на 530 страници и ќе претставува едно убаво свежо и навистина корисно четиво и за децата и за возрасните, рече Котев. На промоцијата присуствуваше премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, членови на Советот на општината и љубители на пишаниот збор. Промоцијата се одржа во рамките на одбележувањето на денот на заштитниците на Струмица-Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици.рт/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан