• понеделник, 23 декември 2024

Во Струга почна зонско паркирање

Во Струга почна зонско паркирање
Струга, 2 јуни 2021 (МИА) - Во Струга од денеска почнува да се наплаќа зонско паркирање. Стружани и туристите своите моторни возила ќе може да ги паркираат во екстра и во прва зона со почетна цена од 40 односно 30 денари за час. Јавното Претпријатие за паркови и зеленило „Еко Струга“, под чија надлежност се градските паркинзи, соопшти дека паркинг ќе се наплаќа од 7 до 24 часот. Во екстра зона првиот час ќе чини 40 денари, вториот 30 денари, а секој нареден по 20 денари. Во прва зона пак, почетниот час ќе биде 30 денари, а секој нареден ќе се наплаќа по 20. Овој ценовник, како што информира претпријатието, ќе важи од 1 мај до 30 септември, во останатиот период од годината цените ќе бидат намалени за 10 денари. - Ониe кои нема да пријават паркирање, односно нема да испратат смс порака, а ги паркирале своите моторни возила на местата определени за зонско паркирање ќе им бидат поставени блокатори или налози со надоместок од 1.000 денари за непријавено паркирање, соопшти „Еко Струга“. Екстра зоната, според соопштението, ги опфаќа паркинг местата во централното градско подрачје, односно „Плоштад на револуција“, Машка и Женска плажа, Пливалите, дел од улиците „Димче Ковачески“ и „Боро Хаџиески“. Прва зона ќе се наплаќа на дел од улиците „Партизанска”, „Боро Калајѓиески“, „Маршал Тито“ и „Разме Малески” и паркингот пред џамијата „Мустафа Челеби“. сс/сст/

Остани поврзан