• четврток, 07 ноември 2024

Во станбена зграда во Газа откриена фабрика на Хамас за производство на дронови и складиште за оружје

Во станбена зграда во Газа откриена фабрика на Хамас за производство на дронови и складиште за оружје

Тел Авив, 9 ноември 2023 (МИА) - Израелските војници кои дејствуваат во Појасот Газа во една станбена зграда открија фабрика за производство на беспилотни летала на Хамас и складиште за оружје, јавија израелските одбранбени сили (ИДФ), пренесе „Тајмс оф Израел“.

ИДФ соопштија дека зградата, во населбата Шеик Радван во градот Газа, се наоѓа веднаш до училиште.

Снимка објавена од ИДФ на социјалната мрежа Х покажува како војниците во зградата пронаоѓаат неколку беспилотни летала, како и опрема што се користи за нивно производство и инструкции за правење експлозивни направи. Оттаму наведуваат дека израелските војници пронашле и голем број бомби на местото. сд/

фото:ИДФ

Остани поврзан