• петок, 05 декември 2025

Во стабилизациските сили во Газа најверојатно ќе учествува воен персонал од Индонезија, Азербејџан и Пакистан

Во стабилизациските сили во Газа најверојатно ќе учествува воен персонал од Индонезија, Азербејџан и Пакистан

Газа, 16 октомври 2025 (МИА) - Воен персонал од Индонезија, Азербејџан и Пакистан се главните кандидати за учество во идните стабилизациски сили во Појасот Газа, изјави денеска функционер на Министерството за одбрана на САД.

Функционерот на министерството, кој разговараше за американскиот сајт Политико под услов да остане анонимен, рече дека ниту една земја не дала цврста обврска, но дека Индонезија, Азербејџан и Пакистан досега изразиле најголем интерес за учество на нивните членови во стабилизациските трупи во Газа.

Истата вест ја потврдува и „Тајмс оф Израел“ наведувајќи дека војници од Пакистан најверојатно ќе бидат вклучени во меѓународните сили за обезбедување на Појасот Газа, заедно со војници од Азербејџан и Индонезија

Таканаречените меѓународни стабилизациски сили се клучна компонента на мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната меѓу палестинското милитантно движење Хамас и Израел, што треба да го отвори патот за конечна демилитаризација и реконструкција на Газа.

САД испратија 200 војници во Израел за да помогнат во координирањето на напорите за одржување на прекинот на огнот и стабилизирање на енклавата. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан