• сабота, 21 декември 2024

Во Сомалија девет лица загинаа во двоен бомбашки напад

Во Сомалија девет лица загинаа во двоен бомбашки напад
Москва, 29 октомври 2022 (МИА) - Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа денеска во двоен напад со автомобил-бомба врз Министерството за образование во Могадишу, објавија извори блиски до сомалиските безбедносни сили. Неименуваниот функционер рече дека се пронајдени девет тела, главно цивили, меѓу кои и жени и деца, и додаде дека неколку десетици луѓе се повредени. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Таквите напади ги извршува исламистичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда. Групата е позната по нападите врз сомалиските безбедносни сили, како и врз хотели и други области,  најчесто во главниот град. зш/

Остани поврзан