• недела, 08 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии - Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за култура и туризам и Комисијата за финансирање и буџет.

Пред членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдување Предлог-одлука за именување член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, барања за остварувања отпремнина при заминување во пензија од поранешен пратеник во Собранието и од поранешни членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.

На седницата на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите, двата по скратена постапка.

Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2025 година е единствена точка на дневен ред на собраниската Комисија за култура и туризам.

Точката на дневен ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи, по скратена постапка.фф/хс/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан