• понеделник, 23 декември 2024

Во Словенија лани се зголемил бројот на кибер напади

Во Словенија лани се зголемил бројот на кибер напади

Љубљана, 30 јуни 2023 (МИА) -  Словенија пријавила 4.123 инциденти за кибер безбедност минатата година, што е речиси една третина повеќе од 2021 година, се вели во извештајот на словенечкиот национален центар за сајбер безбедност (SI-CERT).

Минатата година беше обележана со војната во Украина, која ја нагласи важноста од споделување информации со меѓународната заедница.

Лани, т.н. „фишинг“ напади уште еднаш се издвоија во однос на зачестеноста. Ги имало 1.432 во споредба со 950 една година порано.

Таа категорија на напади повторно порасна најбрзо. Во повеќето случаи, нападите биле извршени преку е-пошта, но значително се зголемил и бројот на фишинг напади преку СМС и апликации за пораки. зш/

Остани поврзан