• среда, 27 ноември 2024

Во Скопје казнети 38 возачи на мотоцикли

Во Скопје казнети 38 возачи на мотоцикли
Скопје, 6 јуни 2021 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Скопје, санкционирани се 38 возачи на мотоцикли, соопшти МВР. Од изречените санкции, 14 возеле без возачка дозвола, 22 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а санкционирани се и други прекршоци. Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.фф/бк/

Остани поврзан