Во Сирија убиен генерал на Иранската револуционерна гарда
- Бригадниот генерал на корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) Киумарс Пурхашеми е убиен денеска за време на напад на терористичка група, наводно поврзана со Израел во сириската провинција Алеп, јави денеска иранската новинска агенција.

Техеран, 28 ноември 2024 (МИА) - Бригадниот генерал на корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) Киумарс Пурхашеми е убиен денеска за време на напад на терористичка група, наводно поврзана со Израел во сириската провинција Алеп, јави денеска иранската новинска агенција.
Бунтовниците предводени од милитантната група Хајат Тахрир ал-Шам во средата извршија упад во десетина градови и села во северозападната провинција Алеп контролирана од сирискиот претседател Башар ал-Асад, што е најголемиот напад на бунтовниците од март 2020 година кога Русија, која го поддржува Асад, и Турција, која ги поддржува бунтовниците, се согласи на прекин на огнот со кој ќе заврши долгогодишниот конфликт во кој загинаа милион Сиријци.
Со цел да се потисне офанзивата на бунтовниците, руската и сириската авијација денеска го бомбардираа северозападниот дел на Сирија. паг/