• вторник, 24 декември 2024

Во село Штука, Општина Босилово, отворена школа за изучување на традиционални музички инструменти

Во село Штука, Општина Босилово, отворена школа за изучување на традиционални музички инструменти

Босилово, 10 септември 2024 (МИА) - Во селото Штука, Општина Босилово, вчера е отворена школа за изучување на традиционални музучки инструменти. Сите заинтересирани ќе учат свирење на зурла, тапан, гајда, кавал, тамбура, а набавена е и народна носија и адаптиран е простор со мебел за непречено работење на школата.

Проектот е плод на соработката помеѓу Општина Босилово, УСАИД, ЛАГ„ Беласица - Огражден“ и општествено одговорни поединци и компании.

- Благодарение на поддршката на Општината, јавното комунално претпријатие и приватниот и граѓанскиот сектор, младите сега имаат нов простор за негување здрави навики и унапредување на квалитетот на животот, објави Сашко Поповски од ЛАГ „Беласица-Огражден“.

Отворањето на школата беше проследено со кратка музичка програма, а проектот е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата која ја имлементира Rural Development Network of North Macedonia во соработка со ЛАГ „Беласица Огражден “/ LAG Belasica Ograzden и останати четири Локални акциски групи. рт/цр

Фото: Организатори

Остани поврзан