• понеделник, 23 декември 2024

Во селото Вејце се промовираа гравот и компирите кои се одгледуваат во тамошното планинско подрачје

Во селото Вејце се промовираа гравот и компирите кои се одгледуваат во тамошното планинско подрачје

Тетово, 20 октомври 2024 (МИА) - Земјоделската задруга за традиционално сточарство „Шари“ во шарпланинското село Вејце организираше манифестација „Денови на тетовскиот грав“ и „Ден на компирот од Вејце“.

Манифестацијата беше прилика посетителите да пробаат компири и грав кои растат во селата што се наоѓаат на Шар Планина, како и друг вид храна и мед што се произведува во планинскиот регион. 

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и неговиот заменик Флакрон Беџети ја посетија манифестација.

- Овие две манифестации се уште еден доказ дека македонската почва е плодна и раѓа вкусна храна. Само преку поддршка на земјоделците можеме да јадеме вкусна и квалитетна храна, истакна министерот за земјоделство Цветан Трипуновски на Фејсбук профилот.

Беџети посочи дека со проектот ИПАРД жителите од ова подрачје добија поддршка од два милиона и 200 илјади денари, со важна опрема и нашата посета е за да им дадеме поддршка, да го стимулираме земјоделството. 

На настанот учествуваа повеќе културно уметнички друштва. ас/ев/

ФОТО: Фејсбук Цветан Трипуновски 

Остани поврзан