• среда, 25 декември 2024

Во светиниколското село Мустафино ќе се гради дел од канализационата мрежа

Во светиниколското село Мустафино ќе се гради дел од канализационата мрежа

Штип, 11 мај 2021 (МИА) - Жителите на светиниколското село Мустафино конечно ќе имаат нормални услови за живот. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски денеска информира дека во Министерството за животна средина и просторно планирање го потпишал  договорот за добивање средства за проектот „Изградба на фекална канализација во село Мустафино“ - крак 32.

- Вкупната инвестиција на проектот е во вредност од 6.849.564 денари , од кои Министерството ни одобрува 4.000.000 денари, а останатите 2.849.564 денари ќе бидат од Општина Свети Николе. Со ова започнуваме со решавање на најгорчливиот проблем на граѓаните од село Мустафино за изградба на фекална канализација, истакна Велковски.

Тој додаде дека во наредниот период општината ќе конкурира со соодветната проектна документација за комплетирање и реализација на целиот проект и покривање со канализациона мрежа за село Мустафино. вдј/фф/

Остани поврзан