• вторник, 24 декември 2024

Во Сараевскиот кантон повикуваат пензионирани лекари да се вклучат во борба со пандемијата

Во Сараевскиот кантон повикуваат пензионирани лекари да се вклучат во борба со пандемијата
Сараево, 1 ноември 2020 (МИА) - Службата за вработување на кантонот Сараево испрати јавна покана до сите пензионирани здравствени работници со високо образование да ја контактираат таа институција, и доколку  се во можност да им помогнат на здравствените институции каде што се потребни во борбата против новиот коронавирус. „Поради влошената епидемиолошка состојба и во согласност со изразените потреби на здравствените институции, Владата на Сараевскиот кантон, на седницата одржана во четвртокот, донесе заклучок во кој беа вклучени „Службата за вработување на К.С., во соработка со надлежните комори на здравствени работници, да се обрати со јавен повик до сите пензионирани здравствени работници во кантонот со високо образование, со цел нивна евиденција и, доколку е потребно, ангажирање во лекување на пациенти заразени со Ковид-19“, се вели во повикот. Рокот за пријавување не е ограничен и ќе остане отворен до ново известување, јавија сараевски медиуми. зш/

Остани поврзан