• вторник, 24 декември 2024

Во Сараево почнува најголемиот економски форум во регионот

Во Сараево почнува најголемиот економски форум во регионот

Сараево, 28 јуни 2022 (МИА) - Шестиот економски форум на Босна и Херцеговина започнува денеска во Сараево со главен фокус на целите за одржлив развој како трансформатор на општествените промени со посебен акцент на предизвиците со кои се соочува регионот и земјите во развој како БиХ и Западен Балкан.

Главниот говорник на Форумот во 2022 година е Исмаил Серагелдин, потпретседател на Меѓународниот центар Низами Ганџави и поранешен потпретседател на Светска банка (1992-2000).

Економскиот форум на Босна и Херцеговина 2022 година ќе го отворат деканот на Економскиот факултет во Сараево Јасмина Селимовиќ, претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ и премиерот на Кантонот Сараево Един Форто.

Програмата на Економскиот форум БиХ 2022 година е конципирана во две панел сесии. Темата на првата сесија е „Глобални предизвици и Западен Балкан: отпорност, рестарт и редизајнирање на одржлив развој“, додека втората сесија е насловена „Мобилизирање зелено финансирање за обнова и забрзување напредок на цели за одржлив развој“. паг/

 

Остани поврзан