• вторник, 24 декември 2024

Во САД забележан 17-от смртен случај поврзан со воздушно перниче на „Таката“

Во САД забележан 17-от смртен случај поврзан со воздушно перниче на „Таката“
Токио, 5 октомври 2020 (МИА) - Јапонскиот производител на автомобили „Хонда мотор ко“ објави дека е забележана 17-та фатална несреќа во САД поврзана со неисправно воздушно перниче од марката „Таката“, што го користат возилата „Хонда“ и „Форд“. Јапонската фирма соопшти дека податоците се потврдени во соработка со Националната управа за безбедност на сообраќајот на САД, појаснувајќи дека последната во низата несреќи поврзани со „Таката“ перничињата се случила во судир на „Хонда Цивик“ произведен 2002 година, на 20 август, кога настрада возач во Аризона. Неуспехот на воздушното перниче „Таката“ што го користеле од „Хонда“, според тамошните медиуми, предизвика најголемо повлекување на возилата од улиците во историјата на американската автомобилска индустрија. Поради неисправно перниче „Таката“, од 2009 година во САД се пријавени 15 несреќи со смртни последици во кои учествувале возила Хонда и две со автомобили Форд. Досега во светот се забележани повеќе од 290 повредени и 26 починати лица во несреќи поврзани со воздушни перничиња „Таката“. си/сд/

Остани поврзан