• понеделник, 23 декември 2024

Во САД воведен полициски час за барателите на азил наместо притвор

Во САД воведен полициски час за барателите на азил наместо притвор

Сан Диего, 4 август 2023 (МИА) - Американските власти воведоа полициски час за оние кои бараат азил додека чекаат првични проверки по преминувањето на границата.

Полицискиот час беше воведен во мај во четири града како алтернатива на притворот, а сега е проширен во уште 13 градови, соопшти Американската служба за имиграција и царина.

Се очекува да биде воведен во 40 града до крајот на септември.

Полицискиот час, кој трае од 23:00 до 5:00 часот, останува на сила до исходот од проверката, односно интервјуто со службениците за азил и евентуално жалбата до судијата за имиграција.

На оние кои ќе поминат обично им е дозволено да ги следат своите случаи на суд без полициски час, додека оние кои нема да успеат се соочуваат со депортација. паг/

Фото: МИА архива
  

 
 

Остани поврзан