Во руски напад на југот на Украина шестмина загинати и осуммина ранети
- Во руски напад на градот Вилњанск, во регионот Запорожје на југот на Украина, загинаа шестмина луѓе, а осуммина се ранети, соопшти денеска регионалниот гувернер Иван Федоров.

Киев, 29 јуни 2024 (МИА) - Во руски напад на градот Вилњанск, во регионот Запорожје на југот на Украина, загинаа шестмина луѓе, а осуммина се ранети, соопшти денеска регионалниот гувернер Иван Федоров.
„Русите го нападнаа градот Вилњанск. Според првичните извештаи, шест цивили се убиени, а осум жители се повредени“, наведе Федоров на социјалните мрежи.
„Оштетена е критичната инфраструктура, продавница и станбени објекти“, додаде тој. ссм/
фото: Гугл мапа