• среда, 27 ноември 2024

Во Русија блокиран новиот проект на весникот „Новаја газета“

Во Русија блокиран новиот проект на весникот „Новаја газета“
Москва, 24 јули 2022 (МИА) - Руските власти денеска ја блокираа интернет страницата на новиот проект на независниот весник „Новаја газета“, кој прекина со работа во март, во време на задушување на критичарите на офанзивата врз Украина. Редакцијата на „Новаја газета“ на 15 јули почна да објавува и во печатена форма и онлајн преку новиот сајт „Новаја Расказ-Газета“. Во првиот број беа објавени анализи за тоталитаризмот и идеологијата на Владимир Путин. Но, една недела подоцна рускиот медиумски регулатор го блокира новиот сајт на барање на Обвинителството. Порталот денеска не беше достапен во Русија. Весникот „Новаја газета“ е познат по своите истраги за корупција на руските елити и за сериозни прекршувања на човековите права, беше принуден на крајот на март да го прекине објавувањето на интернет и во печатена форма. Руските власти му се заканија дека ќе го забранат поради непочитување на контроверзниот закон за странски агенти. По суспензијата, дел од редакцијата емигрира и почна ново издание од Западна Европа. Главниот уредник на „Новаја газета, Дмитриј Муратов, ја доби Нобеловата награда за мир во 2021 годинами/

Остани поврзан