• четврток, 06 март 2025

Во Рим промовирана македонска поштенска марка за поддршка на лицата со ретка болест ,,Душен мускулна дистрофија"

Во Рим промовирана македонска поштенска марка за поддршка на лицата со ретка болест ,,Душен мускулна дистрофија

Неготино, 5 март 2025 (МИА) - Македонската  специјална поштенска марка за поддршка на лицата со ретка болест „Душен мускулна дистрофија", беше официјално промовирана и претставена во Рим, во рамките на меѓународна конференција посветена на ретката болест „Душен мускулна дистрофија", информираше денеска Милица Пауновска, активист од Мускулна дистрофија асоцијација Македонија (МДАМ).

- Излезе од печат поштенска марка со поддршка за лицата со оваа ретка болеста ,,Душен мускулна дистрофија",  убаво е кога луѓето си помагаат едни со други и си даваат поддршка. Работиме многу на терен, за да се подигне свеста за ретките болести. Во Рим бев како претставник на Мускулна дистрофија асоцијација Македонија (МДАМ), заедно со уште еден член од оваа асоцијација, Наќе Петридов, појасни таа. 

Пауновска истакна дека настанот во Рим, бил историски момент за ретката болест. 

- Ова е прв печат со тема ,Душен" во светот и седми во серијата марки за ретки болести од Македонија, моќен чекор во подигање на свеста за ретките болести. Сево ова благодарение на Гордана Лолеска, претседателката на Здружението за ретки болести во Македонија и Ване Петридов, основачот на Здружението за мускулна дистрофија на Македонија. Станува збор за мала марка , но голема победа за Душен заедницата, подвлече Пауновска. свд/са/

Фото: МДАМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан