• четврток, 26 декември 2024

Во Република Српска уапсени пет лица поради детска порнопграфија

Во Република Српска уапсени пет лица поради детска порнопграфија
Бања Лука, 1 јуни 2021 (МИА) - Полицијата на Република Српска разби мрежа на педофили и уапси пет лица поради детска порнографија. Полицијата изврши претрес на седум локации во РС, при што се пронајдени и одземени компјутери, таблети, мобилни телефони, мемориски картички, фотоапарати и други апарати. Уапсените посетувале интернет-страници со детска порнографдија, преземале фотографии и видео-снимки, а потоа истите ги користеле за социјалните мрежи и апликации за комуникација и разменувале содржини. ми/

Остани поврзан